Фирмите создале додадена вредност од 196,172 милијарди денари

Bez autora
Dec 30 2013

Компаниите во државата во текот на минатата година оствариле вкупен промет од 940,561 милијарди денари, а додадената вредност што ја создале изнесувала 196,172 милијарди денари, објави Државниот завод за статистика. Вкупниот промет во државата во најголем дел или 41,4% го оствариле трговците на големо и мало, на кои отпаѓаат 44,6 отсто од деловните субјекти и 28% од вработените. Преработувачка индустрија учествува со 13,3 отсто од претпријатијата, со 30,4 проценти од вработените и создава 26,8 отсто од вкупниот промет. Во додадената вредност, пак, најголемо учество, со 25%, имале претпријатијата од секторот преработувачка индустрија, а зад нив е трговијата со 23,3%.

Фирмите создале додадена вредност од 196,172 милијарди денариКомпаниите во државата во текот на минатата година оствариле вкупен промет од 940,561 милијарди денари, а додадената вредност што ја создале изнесувала 196,172 милијарди денари, објави Државниот завод за статистика.

Вкупниот промет во државата во најголем дел или 41,4% го оствариле трговците на големо и мало, на кои отпаѓаат 44,6 отсто од деловните субјекти и 28% од вработените.

Преработувачка индустрија учествува со 13,3 отсто од претпријатијата, со 30,4 проценти од вработените и создава 26,8 отсто од вкупниот промет.

Во додадената вредност, пак, најголемо учество, со 25%, имале претпријатијата од секторот преработувачка индустрија, а зад нив е трговијата со 23,3%.

Во 2012 г. најголем дел од деловните субјекти или 91,1 отсто биле микро-претпријатија со помалку од 10 вработени, во кои биле ангажирани 33,6 отсто од вкупно вработените. Тие создале четвртина од вкупната додадена вредност. Големите претпријатија се 0,2% од вкупниот број и тие ангажираат 23,3% од вкупно вработените и остваруваат 34,3% од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.

Овие податоци се резултат на анализа на 53.907 деловни субјекти со 334.042 вработени.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik